mchi

Најнови вести

Заев: Ќе водиме мудри и обединувачки политики во интерес на граѓаните!

dbi

01.06.2017

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, премиер на Р.Македонија и претседател на СДСМ
Скопје, 01.06.2017


Почитувани претставници на медиумите,

Ви благодарам што сте денеска со нас. Почитувани граѓани заврши чинот на примопредавање на Премиерскиот кабинет, разговаравме со техничкиот премиер во заминување г-динот Емил Димитриев, бев запознает со сите неопходни детали којшто треба да ги знам уште денеска согласно целиот протокол како што тоа го пропишуваат уредбите. Нормално, бев информиран за салите за состаноци, за помошните простории, за сето она кое што значат работен амбиент на премиерот.

Бев запознаен со состојбата во државата, секако таа не е сјајна, но не е и драматична, така беше пренесено. Ние кога ќе ги направиме увидите веднаш ќе соопштиме на граѓаните, но драго ми е што по еден ваков пријателски начин се направи примопредавањето кое што испраќа исто така позитивна порака за граѓаните дека без разлика на политичките околности, нашите политички позиции и некогаш спротивставени со политичките опоненти, сепак на сите им е јасно дека ќе си требаме еден со друг заради граѓаните, заради државата, заради реформите и за сето она што е интерес за граѓаните. Така што уште еднаш честитки до цела Македонија за новата Влада, Господ да ни дава памет на нас политичарите, за мудро да водиме и исклучиво во интерес на граѓаните и Господ да ние ја чува Македонија.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени