mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои ја уназадуваа економијата, владините политики ќе донесат економски раст и добро за сите

dbi

15.06.2017

Соопштение за јавност


Кога ВМРО-ДПМНЕ се осудува да зборува за проекти во економијата добро е да каже во што навистина беа единствени изминативе 11 години и што направија за време на нивното владеење.

Единствените кои затворија 10.000 домашни фирми и блокираа сметки на секоја трета фирма се ВМРО-ДПМНЕ.

Единствените кои им ја загрозија основната егзистенција на повеќе од 10.000 семејства кои работеа и ја вадеа својата егзистенција токму од овие фирми се ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПММЕ се единствените кои цели 11 години ги тероризираа домашните фирми со невидени притисоци, огромни казни и новоизмислени давачки со што принудија голем број фирми да стават катанец на врата.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ можеше системски да ја уништува економијата и да ги осиромашува граѓаните.

Владата предводена од СДСМ преку опсежни мерки ќе води политики кои ќе донесат нови работни места, повисоки плати и нови работни места. Ќе има минимална плата од 12 000 денари до крајот на годината, ќе има правична даночна политика и зголемена државна помош за малите и средни претпријатија.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за интересите на граѓаните, тогаш како конструктивна опозиција, треба да ги поддржи владините политики што ќе обезбедат нови работни места, повисоки плати и економски раст што ќе донесе добро за сите.

 

Скопје, 15.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени