mchi

Најнови вести

Идната нова локална власт во Велес ќе работи единствено во интерес на граѓаните

dbi

16.06.2017

Прес конференција,
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
16.06.2017 година

Почитувани граѓани,

Остварените финансиски резултати на Општина Велес за првите три месеци од оваа година, само ја покажуваат реалната лоша состојба за којашто алармиравме подолго време.

Доспеаните, а ненамирени обврски достигнаа рекордно највисоко ниво до сега и изнесуваат над 92 милиони денари. Реализацијата на приходите на буџетската сметка се на значително ниско ниво од само 9%.
Нема инвестиции во многу активности кои значат развој на општината. Капиталните инвестиции на општината се со само 4% реализација а урбанистичкото планирање има 0% реализација.

Реализацијата на инвестициите за изградба и реконструкција на локални патишта и улици се со само 1,6% а изградбата на комерцијални објекти е со 1% реализација.

Општината не реализирала ниту една инвестиција за заштита на житвотната средина и природата, за јавната чистота и пречистување на отпадните води. Реализацијата во овие сегменти е нула проценти.

Овие поразителни бројки се јасен докаж за неспособноста и неодговорноста на Општината предовдена од Славчо Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, поради ваквото катастрофално управување со општинскиот буџет, Велес мора да добие нова локална власт која одговорно ќе раководи со општината. Веќе есенва, Велес ќе добие нова локална власт предовдена од СДСМ која ќе работи единствено во интерес на граѓаните и општината.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени