mchi

Најнови вести

Проблемите на земјоделците се решаваат, Тренов да објасни зошто ја попречува исплатата на субвенции

dbi

16.06.2017

Соопштение за јавност

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ чиј што приоритет беа личните криминални интереси на Никола Груевски, приоритет на новата Влада предводена од СДСМ се интересите и потребите на граѓаните, меѓу кои и на земјоделците.

Владата предводена од СДСМ веднаш пристапи кон решавање на проблемите што ВМРО-ДПМНЕ ги остави во земјоделството.

Наместо да држи партиски прес конференции, директорот на А.Д. Водостопанство, Ромео Тренов, треба да објасни зошто во софтверот на платежна агенција се уште ги нема внесено податоците за земјоделците кои не се должници за надомест за вода, со што директно им го спречува правото да си ги земат субвенциите.

СДСМ, преку новата Влада што јa предводи, ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците. Нема да има богатење на лажни земјоделци, нема да има задоцнети субвенции и оштети, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 16.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени