mchi

Најнови вести

Кирацовски на летниот камп на СДММ: Младите се сегашноста и иднината на Македонија

dbi

09.07.2017

Соопштение за јавност


На Летниот камп на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) се одржа дебата со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Младите луѓе се сегашност и иднина на Македонија. Затоа СДСМ секојдневно вклучува се повеќе млади луѓе во извршната власт, кои со своето образование, квалитет и чесност ќе бидат носители на реформите во Македонија.

Фокусирани сме на решавање на младинските проблеми. Дојде времето кога треба да ја реализираме нашата програма, нашите решенија креирани заедно со младите луѓе. 

Младинската гаранција е една од мерките која ќе им понуди вработување, дообразување на младите, пракса или тренинг. Оваа мерка ќе почнеме да ја спроведуваме од први септември. Ќе следува цел сет на мерки за млади чија примарна цел е задржување на младите во Македонија и намалување на младинската невработеност. 

Сакаме да ја промениме сликата за политиката во Македонија. Со нашата работливост, одговорност и отвореност ќе покажеме дека може поинаку, целта е да направиме од Македонија земја во која вреди да се живее“, потенцираше генералниот секретар на СДСМ.

Кирацовски говореше и за дејствувањето на СДСМ во претстојниот период.
Ќе продолжиме да бидеме отворена партија која ги интегрира сите луѓе кои сакаат да и помогнат на Македонија. СДСМ е модерна, европска партија кадешто правилната комуникација со граѓаните е од суштинско значење, рече Кирацовски.




Скопје, 09.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени