mchi

Најнови вести

Во страв од соочувањето со одговорност, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се обидува да врши притисок врз правосудните органи

dbi

13.07.2017

Соопштение за јавност


Со празни прес конференции пред просториите на правосудните органи ВМРО-ДПМНЕ во страв од соочување со одговорноста за се она што го правеа изминатите години, секојдневно се обидува да изврши притисок врз правосудството и да го попречува владеењето на правото.

Лицемерно и апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ на една иста прес конференција прво да ги повикува судовите да не подлегнуваат под притисоци, а веќе во следната реченица да им кажува на судовите како да постапуваат по одредени предмети.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок врз судиите.

Судовите мора да одлучуваат независно, без никакви надворешни влијанија, а ВМРО-ДПМНЕ мора да ги остави судовите самостојно да работат и да одлучуваат.

Токму владеењето на правото и одговорноста за сторените дела е државен и национален интерес на Македонија.

Република Македонија ќе биде правна држава. Секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност.


Скопје, 13.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени