mchi

Најнови вести

Шилегов: Никаква опструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи разрешувањето на Зврлевски

dbi

07.08.2017

Прес конференција
Петре Шилегов, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 07.08.2017


Очигледно е дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите во надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата.

Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години.

Во таа насока е и денешното асупрдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори.

Тврдењето дека разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи рефомите во судството.

Процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт.

Залудни се сите очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што добија поддршка од мнозинството граѓани.

Никаква опструкција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи рефомите во судството што почнуваат со разрешувањето на Зврлевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упорно и доследно ќе опстои на највисокиот интерес и на граѓаните и на државата, а тоа е Македонија конечно да стане правна држава со независен и професионален судски систем. Граѓаните на Македонија мора да добијат професионални институции, нови работни места и повисоки плати и ниту една опструкција на ВМРО-ДПМНЕ нема го спречи тоа.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени