mchi

Најнови вести

Шилегов: Поднесената интерпелација е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да го одложи разрешувањето на Зврлевски

dbi

07.08.2017

Одговори на новинарски прашања
Петре Шилегов, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 07.08.2017


Медиуми: Дали сте подготвени да го прифатите барањето на ВМРО-ДПМНЕ за автентично толкување на изборниот законик во однос на тоа дали треба да се прекине процедурата за разрешување?

Шилегов: Изборниот законик се однесува на органите од извршаната власт, не на Собранието и на законодавната власт. Секое такво, ќе го наречам небулозно барање не е ништо друго освен обид на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ако е можно да одложи или да ја избегне жешката есен што ги очекува пред организиран криминал во Основниот суд Скопје 1.

Медиуми: Каков е вашиот став за предложената иницијатива за интерпелација на министерот за земјоделие, а не се поминати ниту сто дена?

Шилегов: Па тоа е уште еден доказ за она што го говориме денес, можеме да зборуваме за се освен за кривична одговорност на раководството на ДПМНЕ. За се треба да се дебатира освен за разрешувањето на Марко Зврлевски во Собранието на Република Македонија, па макар биле и законите какво што е ова барање за интерпелација. Патем кажано хаосот по институциите којшто е резултат на 11-годишното партизирано и криминално владеење на ДПМНЕ, со натчовечки напори се обидуваме да го надминеме во изминативе два месеци. Не може да биде причина за разрешување на министер од Владата од СДСМ. Тие луѓе, луѓето вработени во институциите со натчовечки напори во изминатиов период успеваат да се справат со пожарите, напоменувам дека ниту специјалните авиони за гасење на пожар не беа функицонални, не работеа се до доаѓањето на новата власт. Правиме се и во надлежните институции се прави се да се надмине таа хаотична состојба која дошла како резултат на непрофесионално, некомпетентно и пред се криминално тендерско работење на сегашната опозиција.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени