mchi

Прес центар

Георгиевски: Крајна негрижа на општина Гази Баба за лицата до попреченост, Трајановски да го повлече решението за рушење на пристапна патека

dbi

08.08.2017

Прес конференција,
Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба
Скопје, 08.08.2017


Почитувани граѓани,

Се наоѓаме пред куќата на семејството Петровски на улица „Дурмиторска“ во населбата Ченто, Општина Гази Баба.

Тони Петревски е со вроден инвалидитет и попреченост и е врзан за својата инвалидска количка.
Со цел да му го олеснат пристапот до домот, неговите пријатели и другари во текот на изминативе два месеца му помогнаа и изградија пристапна патека и остава за инвалидската количка.

Но по изградбата на патеката и оставата, Општина Гази Баба и овластениот градежен инспектор донесуваат заклучок за рушење на изградениот објект остава со димензија два на два метри.

Заклучокот што е доставен вчера, предвидува рушење на објектот само за еден ден, а трошокот за рушењето е на товар на семејството. Жалбата, се наведува во заклучокот, не го одлага извршувањето (се покажува заклучокот).

Од друга страна семејството Петровски се обраќа до Владата на Република Македонија каде што е наведено дека имаат изградено пристапна патека со остава за количката на нивното дете.

Владата на Република Македонија во својот допис од 18.07. оваа година го исвестува семејството Петровски, цитирам,, Согласно член 73 став (1) од Законот за градење , одобрение за градба не е потребно за повеќе видови градби, меѓу кои и градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лица со инвалидитет до и во градбата,, завршен цитат.

И покрај дописот на Владата општината не се откажува од намерата за рушење на овој објект. Таквото однесување на градоначалникот Тони Трајковски и неговите испекциски служби е нехумано и скандалозно. Наместо да ги подобруваат условите за живот на лицата со
инвалидитет, тие дополнително им го отежнуваат.

Преку целосна правна помош ќе му помогнеме на семејството Петровски да ја зачува оваа пристапна патека и остава. Во меѓувреме упатуваме апел до Трајковски и општината да покажат човечност и разбирање и да се откажат од рушењето.

Почитувани,

На 15ти октомври доаѓа крајот на неодговорното работење и самоволно рушење објекти на граѓаните од страна на Трајковски и неговите соработници. Граѓаните на Гази Баба ќе добијат нова одговорна локална власт која посветено ќе работи на подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на лицата со инвалидност и попреченост.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени