mchi

Соопштенија

Преку одговорното управување со парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ

dbi

11.08.2017

Соопштение за јавност


Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните во изминатите 11 години кога парите од скапите, неконтролирани и тајни задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и криминални тендери.

За разлика од таквиот расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики, ги рационализира трошоците, транспарентно управува со долгот, а парите ги насочува кон граѓаните. Само во првите два месеца од мандатот на новата Влада вратен е долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал.

Владата предводена од СДСМ продолжува одговорно и транспарентно да управува со парите на граѓаните. Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари за остварување на лични и партиски интереси.

 

Скопје, 11.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени