mchi

Најнови вести

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи успешната работа на Николовски, лажните обвинувања нема да ја сокријат катастрофата што ја оставиja зад себе!

dbi

13.08.2017

Во недостиг на идеи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите политики на деструктивност и празни и неосновани обвиненија.

Обвинувањата за негрижа упатени кон министерот за земјоделство шумарство и водостопанство се апсурдни и неосновани. Министерот за земјоделство и министерството преземаат низа мерки
за гаснење на пожарите и превенција од нивна повторна појава.

Министерот Љупчо Николовски ги зајакна капацитетите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и му наложи покрај редовните контроли да изврши и вонредни контроли врз работата на ЈП,,Македонски Шуми“, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици на шуми. Шумската полиција ги зајакна контролите на терен, кога беа прогласени делумни и целосни забрани за движење во шума, при што се евидентираа сите лица затекнати во шума и истовремено им се укажуваше за опасноста од појава на пожари.

Со паушалните и празни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека му пречи успешната работа на министерот и министерството со кое што раководи. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што министерот Николовски ги скрати непродуктивните трошоци, што е одблокирана исплатата на субвенции, што се обезбедуваат нови 10 милиони за поддршка на Програмата за рурален развој и што е зголемена помошта за загуби од временски непогоди. Ниту едно лажно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја сокрие катастрофата што таа партија ја остави во земјоделството, ниту пак ќе помогне да избегаат од одговорност сите оние што криминално се богатеа на сметка на осиромашените земјоделци.


Скопје, 13.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени