mchi

Најнови вести

Шилегов: Со измените на Изборниот законик, составот на ДИК ќе се усогласи со пратеничките групи

dbi

11.09.2017

Прес конференција,
Петре Шилегов, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 11.09.2017

 

Добар ден,

Во текот на денешната расправа во рамките на пленарната седница на Собранието на Република Македонија, по основ на постигнат политички договор, политичките партии кои што партиципираат со пратеници во Собранието на Република Македонија извршија измени и дополнувања на Изборниот законик. Измените и дополнувањата се однесуваат на делот што го опфаќа составот на Државната изборна комисија. Знаете и самите дека Државната изборна комисија е составена од две нивоа, едни се експерти, други се политички претставници номинирани од партиите во Собранието и всушност со оваа измена се изврши усогласување на можноста да се примени ваквиот член од Изборниот законик. Односно, после парламентарните избори во декември 2016-та година да се усогласи составот на Државната изборна комисија согласно пратеничките групи во Собрнието.

Тоа во пракса би значело се воведуваат одредби за разрешување на политичките претставници во ДИК како би можело да се преслика ситуацијата во Државната Изборна Комисија, двајца претставници од најголемата владејачка партија, еден претставник од втората владејачка партија, двајца претставници од најголемата опозициона партија и еден претставник од втората по големина опозициона партија, во случајот претставник којшто ќе треба во понатамошниот дел, пред отпочнување на изборната постапка да го именува движењето БЕСА. Тоа е суштината на овие измени, во претходниот текст на изборниот законик не постоеа одредби со кои Собранието можеше по пат на разрешување и именување да изврши ваква усогласеност на составот на ДИК, па имавме конфликт во делот што кажува како е составена ДИК, односно кои се нејзините претставници. Де факто, после завршувањето на изборите на 11 декември, составот на ДИК беше спротивен на резултатите од изборите.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени