mchi

Најнови вести

Шилегов: Чист воздух и повеќе зеленило во Скопје, приоритети на новата локална власт на СДСМ

dbi

12.09.2017

Прес конференција,
Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ
Скопје, 12.09.2017

Почитувани,

Како и во изминатите години, така и оваа, Коце Трајановски повторно ги дочекува есенските и зимски денови целосно неподготвен за справување со загадувањето кое е најкритично во овој период на годината.

И покрај бројните ветувања, градската власт не стори ништо за да се намали нивото на ПМ честички во воздхот во Скопје и дозволува сите ние да се труеме од загадениот воздух.

На Скопје му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, по победата на локалните избори, како нова градска власт ќе преземеме низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето.

Во прв план ќе бидат заштитата и дополнителното зголемување на парковите, дрворедите и сите зелени површини во градот. Процентот на зеленило мора драстично да се зголеми, особено во централното градско подрачје.

На територија на Град Скопје и во скопските општини биде воведена дежурна инспекциска служба којашто ќе работи на повик 24 часа, 365 дена во годината. Ќе има и засилен и континуиран мониторинг на сите загадувачки супстанци во воздухот, како и мониторинг на присуството на тешки метали како арсен, кадиум и олово во воздухот.

Новата градска власт ќе вложува и во нови економични и еколошки извори на енергија за да се намали употребата на огревно дрво и нафта за загревање, а јавниот превоз ќе се одвива по повисоки еколошки стандарди.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени