mchi

Прес центар

Граѓаните очекуваат целосно расветлување на случајот со незаконското доделување на Хотелот во Врановци на општина Чашка

dbi

12.09.2017

Прес конференција
Марјанчо Јорданов, секретарот на ОО СДСМ Велес
Велес, 12.09.2017

 

Почитувани граѓани,

Поднесената кривична пријава за злоупотреба на службената положба против градоначалникот во заминување Славчо Чадиев, докажува дека после 11 години неправда, државните органи постапуваат и се ставаат во заштита на правото, правниот поредок и граѓаните на Република Македонија.

Долго време СДСМ и граѓаните водеа правна битка за интересот на граѓаните и се обидуваа да докажат дека давањето на хотелот во Врановци на Општина Чашка е противзаконски чин и спротивно на одредбите на Деловникот за работа на Советот на Општина Велес.

Законите важат за сите подеднакво.

Македонија конечно станува правна држава и секој оној кој ги прекршил законите ќе мора да одговара. Затоа, очекуваме целосно расветлување на овој случај и исправање на неправдата за Хотелот во Врановци

Граѓаните на Велес заслужуваат одговорна локална власт која ќе ги спорведува а нема да ги крши законите.

Затоа, на претстојните локални избори, граѓаните ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, што ќе стави крај на лажните ветувања и расипничкото владеење, а со општината ќе раководи домаќински, отчетно и во интерес на граѓаните.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени