mchi

Соопштенија

Реформите во МВР ставаат крај на партиските злоупотреби и ја враќаат довербата на граѓаните во полицијата

dbi

13.09.2017

Соопштение за јавност


Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот започна реформи во Министерството за внатрешни работи кои обезбедуваат поголема професионалност, транспарентност и ефикасност на полицијата, а истовремено се унапредува и статусот на полициските службеници.

Започнати се реформи на системот за следење на комуникациите преку кои ќе се гарантира независна и експертска контрола, што ќе се спроведува преку зајакнување на капацитетите за собраниски надзор. Со таквите реформи се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција.

Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската Управа и Јавното обвинителство.

Реформите во полицијата предвидуваат и подобрување на условите за работа и унапредување на статусот на вработените во Министерството за внатрешни работи. Преку кратење на непотребните трошоци за ручеци и репрезентации , се ослободуваат средства за набавка на нови униформи, чизми чевли, ремени...со што припадниците на полицијата после цели десет години ќе добијат нови униформи.

Реформите во Министерството за внатрешни работи кои се дел од владиниот рефорски План 3-6-9 ја враќаат довербата во полицијата што беше нарушена во изминативе 11 години, МВР наместо сервис на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станува вистински сервис и партнер на граѓаните. Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со остварување на дадените ветувања и спроведување на мерките што носат отворени институции, нови работни места и квалитетен живот за сите.

 


Скопје,13.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени