mchi

Прес центар

Шилегов: Имаме решенија, чаршијата, симболот на Скопје повторно да заживее

dbi

11.10.2017

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 11.10.2017


Благодарност до скопскиот еснаф со кого, периодот пред започнување на кампањата и во самата кампања, успеавме и постигнавме договор, јас како иден градоначалник на Скопје и претседателот на Владата, идните градоначалници на Општина Центар и Општина Чаир, заедно со еснафот да ги разбереме со проблемите со коишто се среќаваат луѓето коишто егзистираат во скопската чаршија.

Да им овозможиме брза, ефикасна ревитализација, исполнување на основните инфраструктурни заложби коишто овде недостасуваат, како што се нормални приоди и пристапи, изградба на нови паркинг места во околината, отворање на скопската тврдина за пристап на граѓаните и на туристите како и уредувањето на просторот во и околу Битпазар.

Сето ова е со цел во овој дел на градот ги вратиме стандардите на добро планирање, добра инфраструктура. Да овозможиме чаршијата, која што е вековит симбол на градот Скопје, повторно да го добие својот полн сјај, бидејќи овде со векови наназад се среќавале цивилизациите, луѓето работеле, живееле, имале соживот едни со други.

Едноставно го правеле она за што ние ја водиме оваа кампања, го живееле животот за сите. Во чаршијата секогаш имало и простор за сите и живот за сите.

Се обврзуваме во најкраток можен рок, по освојувањето на мандатите на претстојниве локални избори, да го исполниме Меморандумот во целост. За тоа имаме општа согласност, и дел од љубовта која секој од нас ја има за овој дел од Скопје, да го вложиме во овој дел од Скопје како би можеле да го вратиме животот во скопската чаршија.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени