mchi

Прес центар

Мержаноски: Тарчуловски призна дека е човек кој дискриминира, граѓаните на Црниче и Пржино не заслужувале улици

dbi

11.10.2017

Прес конференција,
Сашо Мержаноски, дел од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода
Скопје, 11.10.2017


На видеото пред малку можевме да се увериме како кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски го замислува управувањето со општината и како преку лажни ветувања ги уценува граѓаните за гласови.

Тарчуловски, јавно и без срам кажа дека се кандидира само за да ги дели и дискриминира граѓаните. Тарчуловски ќе работи само онаму каде што гласале за него, а другите ќе ги игнорирал оти немале заслужено. Тарчуловски призна дека за граѓаните на Црниче и Пржино нема канализации, улици и водоводи затоа што немало да гласаат за него. Ова е удар врз граѓаните од Тарлуловски, кој е човек кој дели и се одмаздува.

Ваквиот став на Тарчуловски е само уште еден доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ функционираше и дека се уште е заробено во старата ера. ВМРО-ДПМНЕ и Тарчуловски, не само што не можат да излезат од политиките на поделби, протекции, непотизам со кои владееа 11 години, туку отворено кажуваат дека така ќе продолжат и во иднина.

Кисела Вода ќе ги казни дискриминаторските ставови и политиката на поделби на Тарчуловски и ќе избере промени и нова локална власт предводена од СДСМ.

Затоа, на 15 октомври да излеземе масовно и да гласаме за број 19, за кандидатот и советничката листа на СДСМ кои ќе работат во интерес на сите граѓани, ќе обединуваат, а нема да делат. Да ставиме крај на поделбите, уцените и заканите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и да избереме живот во Кисела Вода.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени