mchi

Прес центар

Заев: Успеавме да најдеме решение за Југохром на задоволство на сите

dbi

11.10.2017

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 11.10.2017


Медиуми:Вчера Владата донесе одлука да потпише меморандум со сопствениците на Југохром Јегуновце. Што конкретно значи овој меморандум, кога фабриката ќе почне со работа?

Заев: Добро, навистина јас сум радосен кога сите вложуваме максимално напори и имаме разбирање, се изнаоѓаат решенија и за горливи прашања. Поминуваат месеци, можеби и година на овој горлив проблем, драго ми е што го решивме. Меморандумот значи обврска на сите засегнати страни, сопственикот и капитал факторот директно испорачаа гаранција, преку менични гаранции и сето она што претставува финална гаранција за набавка и вградување на филтрите на Југохром. Работниците прифатија, веднаш со завршувањето на филтрите, сите да се вратат на работа. Тоа е дел од договорот меѓу нив, еколошките и граѓанските здруженија се задоволни затоа што нема да стартува Југохром, пред да се вградат филтрите, а државата презеде обврска да ја даде А еколошки интегрираната дозвола за Југохром. Со тоа постигнуваме вин-вин ситуација за сите. Конечно граѓаните нема да имаат повеќе ни од Југохром, ни од Тетово загадување, работниците знаат дека на пролет ќе се вратат на работа, газдата веќе има сигурна гаранција дека ќе ја добие еколошката дозвола, завршено е обезбедувањето на парите, за да може Југохром да се стави во полн капацитет, се надевам март, април, мај идната пролет целосно во фази.

Медиуми: Со оглед на тоа што тоа е процес што подолго трае, изградбата на тој систем на отпрашување кој што е фактички услов за да се добие таа интегрирарана еколошка дозвола. Дали практично потпишувањето на овој Меморандум значи веројатно нешто што сепак би се случило кога би завршила изградбата на тој систем за отпрашување. Прашањето ми е дали ова не го користите како предизборен маркетинг за локалните избори, за да се вети дека сепак ќе се рестартира Југохром.

Заев: Апсолутно не. Владата не е застаната во својот дел на работите и сето она што претставува обврска на државата во континуитет го решаваме, а дали е предизборен маркетинг или не треба да кажат граѓаните. Ние сакаме тоа што го сработуваме за тоа што вложуваме енергија, ресурси и капацитети да го соопштиме. Како што знаеме да признаеме одредени грешки, ако се наша слабост на работењето, транспарентноста во работењето е императив на оваа Влада, посебно јас сум среќен затоа што претставува овој случај решение на проблеми на неколку засегнати страни.
Државата имаше проблем, заради тоа што граѓаните, еколошките здруженија, вработените, па и сопствениците имаа проблем, сите од нив како чинители имаа проблем. Јас сум многу радосен заради тоа што, тоа е решено и ние го објавуваме онака како што е постигнат договор. Таму се граѓански здруженија кои што се комплетно насочени критички спрема било која власт. Работниците сакаат ако можат уште денеска да влезат на работа, чесно кажуваат март, април или мај, пред филтрите неможе да влезат заради тоа што една страна нема да биде задоволена, а тоа се еколошките здруженија, односно граѓаните. Така да ова е повеќепартитен договор на задоволство на сите страни.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени