mchi

Најнови вести

Заев во Крушево: Не влече тука и зимата и Тоше, да изградиме европско Крушево во европска Македонија

dbi

11.10.2017

Соопштение за јавност

 

-Крушево кај ти се младите, кај ти е детскиот џагор, кај се кројачите, казанџиите, локумџиите. Режимот завршува во Крушево, приклучете се, носиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Крушево.

-Ви ветувам, правда ќе има во Македонија, додаде претседателот Заев.

-Да изградиме инфраструктура и овде да чуваме деца и да растеме внуци. Да создадеме вистински развој на Крушево и поврзување со селата. 'Не влече Крушево и по зимата и по Тоше, да го вратиме животот во градот, дополни претседателот Заев.

Тој ги повика младите да останат во градот затоа што ќе имаат иднина преку младинската гаранција и за дошколување и за нови работни места.

-Само со чесни политичари, здружени, единствени Македонија ќе ни оди напред. Да изградиме европско Крушево во европска Македонија, повика претседателот Зоран Заев вечерва во Крушево.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени