mchi

Најнови вести

Шилегов од Драчево порача: Доста се поделби

dbi

12.10.2017

Соопштение за јавност

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на шеснаесеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 (11-ти октомври), го одбележи државниот празник 11-ти Октомври и оствари повеќе средби со граѓани.

Шилегов положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на платото пред Владата на Република Македонија.

Петре Шилегов заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпиша договор со Еснафот на Старата скопска чаршија.

„Старата скопска чаршија и целиот овој дел се душата на градот. Без нив Скопје не може да биде исто. Затоа ние на чаршијата и пристапуваме како на скапоценост. Не сакаме да и ја одземеме нејзината автентичност, но ќе работиме на нејзина подобра функционалност. Како идна градска администрација ќе ги унапредиме состојбите во чаршијата. Ќе ги поддржуваме културните активности во чаршијата, ќе ги поддржуваме локалните занаетчии, а на угостителите им овозможуваме поддршка за повеќе посетители“, порача Шилегов.

Тој, оствари средба со планинарски друштва, на планинарската патека во Пржино, а го посети и локалното паркче во општина Кисела Вода. Кај пазарчето во Кисела Вода и кај стара рампа се сретна со пазарџиите и разговараше за нивните проблеми. Средба со граѓани Шилегов оствари и во паркчето кај Дуња.

На вчерашниот митинг во Драчево Шилегов порача дека е време да се стави крај на делбите кои што беа присутни 12 години во Кисела Вода.

Денеска, Шилегов ќе оствари средби и ќе разговара коалицијата О2, а во 13.30 во промотивниот штаб во центарот на Скопје пред медиумите ќе ги претстави чекорите во програмата кои што се однесуваат на инфраструктурата и сообраќајот. Денот завршува со дебата на ТВ Телма со останатите кандидати за Градоначалник на Град Скопје.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени