mchi

Најнови вести

Сомнителни зделки на Јакимовски, земјиште во Карпош е купено за 11.000 а продадено за 600.000 евра

dbi

12.10.2017

Изјава за медиуми,
Душко Весковски, носител на кандидатската листа за советници на Општина Карпош
Скопје, 12.10.2017

 

Почитувани граѓани,

За три дена заминува криминалната власт на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.

Денеска презентираме како е оттуѓено градежно земјиште, во сопственост на Република Македонија, а претставувано од градоначалникот Стевчо Јакимовски, со непосредна спогодба, склучена на 29.01.2016 година во Скопје.

Имено, градежното земјиште со вкупна површина од 1.533м2 е продадено за 671.454 денари (речиси 11 илјади евра) на друштвото за производство, трговија и услуги ГРОМ ПРОМЕТ ДОЕЛ.
Го прашуваме Јакимовски, како оттуѓил државно земјиште за багателна цена слично како неговиот коалиционен партнер Груевски?

Само 2 месеци подоцна по оттуѓувањето, истото земјиште заедно со легализираните објекти застапувано од ГРОМ ПРОМЕТ ДООЕЛ е продадено на фирмата Друштво за градежништво, инженеринг производство и трговија на големо и мало ДАБАР ДООЕЛ по цена од 36.900.000 денари или 600 илјади евра.

Прашуваме како е можно земјиште во еден од најатрактивните делови во Карпош (непосредно до ресторанот Имес) да биде оттуѓено за скоро 11 илјади евра, а само 2 месеци подоцна истото земјиште заедно со неколку легализирани објекти да биде продадено за 600 илјади евра?
Ги повикуваме надлежните органи сериозно да пристапат кон овој случај и оваа сомнителна зделка! Одговорност мора да има!

Гласот за Стевчо Јакимовски е глас за продолжување на криминалот во Карпош!
На 15-ти октомври ставаме крај на расипничкото и неодговорно владеење во општината!

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени