mchi

Најнови вести

Туфегџиќ: Граѓаните потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со години нема ништо направено за Припор и Кисела Вода

dbi

12.10.2017

Изјава за медиуми,
Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија
Скопје, 12.10.2017

 

Почитувани,

Јавноста вчера беше сведок како Јохан Тарчуловски планирал за едни да има, а за други да нема канализација и одвод во општината Кисела Вода. Тој вели дека граѓаните на Црниче и Пржино не ги заслужиле ваквите услуги бидејќи не гласале за ВМРО ДПМНЕ. Од човек кој е познат насилник, осуден за воени злосторства и еден од организаторите на крвавите настани од 27 април, не може ништо друго освен дискриминација, омраза и поделби и да се очекува.

Денешното видео докажува дека ВМРО-ДПМНЕ немаат направено ништо ни за Припор, тоа го признаваат и самите жители кои јавно кажуваат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не сторила ништо за нив.

И покрај тоа што гласале за ВМРО-ДПМНЕ тие се незадоволни бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги игнорирале нивните потреби. Таквиот тренд продолжува и на овие избори, кога Јохан дрско и безобразно ги уценува граѓаните да гласаат за него и неговата партија.

Дека Тарчуловски е човек без срам и морал, докажува и тоа што на видеото се гледа како тој не реагира на навредите кон неговата сопартијка Билјана Беличанец.

Почитувани граѓани,
Убедена сум дека во недела ќе ја искористите неповторлива шанса да ги казните политиките на омраза, дискриминација и поделби што ги шират Тарчуловски и ВМРО-ДПМНЕ.

Убедена сум дека масовно ќе излезете и ќе гласате за кандидатот и советничката листа на СДСМ кои нема да ве делат по ниту еден основ и кои ќе обезбедат услови за живот во Општина Кисела Вода за сите.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени