mchi

Најнови вести

Шилегов: Од првиот ден од мандатот почнувам со сериозен концепт за ослободување на Скопје од загадувањето

dbi

12.10.2017

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 12.10.2017

 

Денес со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ ги здруживме силите во борбата за Скопје да има чиста животна средина, чист воздух и чиста вода за пиење.

Истовремено, сакам да ја известам и јавноста и оваа Коалиција, дека денеска како пратеник во Собранието на Република Македонија, го потпишав законот за заштита на урбаното зеленило. Со овој закон се предвидени рестриктивни мерки против сечење на зеленилото и мерки кои што овозможуваат интензивно зазеленување на урбаните средини, вклучително и на градот Скопје.
Една од одредбите на законот е дека најмалку 20 проценти од градежната парцела, мора да биде опфатена со јавно зеленило, која што ќе биде животен простор на луѓето што ќе живеат во тие станбени единици.

Како градоначалник на Скопје, уште од првиот ден на сопствениот мандат, ќе започнам сериозен концепт, сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на Скопје од енормното загадување. Тоа нема да биде лесен процес, туку ќе биде процес во кој што резултатите ќе дојдат сукцесивно. Затоа нема да дозволиме да изгубиме ниту еден ден, за резултатите да бидат што е можно побрзо остварливи.

Активно ќе ги вклучиме и претставниците на граѓанските асоцијации, во концептот на градската администрација што ќе ја предводам. Одлуките нема да ги носиме од канцеларија - автоцентрично, туку ќе бидат носени со оние луѓе кои што најдобро ја знаат и ја познаваат проблематиката. Тоа сте вие, граѓанските асоцијации, кои што давајќи дел од своето слободно време на волонтерска основа, проблемот го познавате во микроплан. И вие сте тие кои што ќе бидат нашиот ум за носење на мудри, паметни , практични одлуки кои што ќе ги решаваат реалните проблеми на граѓаните во градот Скопје.

Со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ постигнавме согласност за одредени мерки, кои што ќе мора да се спроведат во борбата за чист воздух и здрава животна средина.

Како градоначалник на Скопје, ќе воведам итни вонредни мерки за време на грејната сезона, кога загадувањето на воздухот е најинтензивно. Во соработка со општините - единиците на локалната самоуправа во рамките на градот Скопје, ќе создадеме и мониторинг мрежа за мерење на загаденоста. Притоа сакам да напоменам за јавноста, дека ќе го изработиме она што никој досега го нема изработено во градот Скопје, а тоа е студија во која што ќе може да се видат изворите на загадувањето. Таа студија ќе биде основ за превземање на среднорочните мерки вонасока на решавање на прашањето за загадување на воздухот. Досега само нагаѓаме, бидејќи никој нема направено анализа што е тоа што го загадува Скопје со толкав интензитет во последниве десетина години.

Веднаш започнуваме со санирање на коритото на реката Вардар, отстранување на градежниот материјал од коритото на реката и песокот, а се обврзуваме и постојано да го зголемуваме буџетот на Градот за заштита на животната средина. Со тоа ќе ги достигнеме препораките од Европската комисија, како дел од интегративниот процес на Република Македонија, на Градот Скопје кон Европската унија.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени