mchi

Најнови вести

Заев: Кратово ќе биде гасифицирано, ќе се отворат нови работни места, младите да може да заработуваат и да основаат свои семејства

dbi

12.10.2017

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше со граѓаните на Кратово.

Пред жителите на Кратово претседателот Заев порача дека советничката листа и кандидатот за градоначалник на Кратово, Љупчо Бојаџиев имаат поддршка од него, и ќе има поддршка од Владата и од парламентарното мнозинство во реализирање на мерките кои носат живот за сите.

Тој ги повика жителите на Кратово на 15-ти да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кратово на СДСМ и советничката листа за реализирање на проекците за подобрување на животот на сите граѓани, за градење по план, за отворена и услужна општина за сите.

„Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68% од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица“ – истакна претседателот Заев пред кратовчани.

„Кога зборуваме за живот, зборуваме и за политики коишто ќе создадат услови младите да можат да заработуваат и да основаат свои семејства тука, во Кратово. Целта ни е младите да не размислуваат да ја напуштат државата. Младите овде да го планираат животот. Никаде не е подобро од дома“ додаде претседателот Заев.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени