mchi

Најнови вести

Коце Трајаноски го уништи Водно за да ги исполни криминалните желби на неговиот шеф Груевски

dbi

13.10.2017

Изјава за медиуми,
Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје од СДСМ и коалицијата
Скопје, 13.10.2017

 

Почитувани,

Никола Груевски и Коце Трајановски се најодговорни за уништувањето на Водно - белите дробови на Скопје.

За да ги исполни криминалните желби на Никола Груевски и неговиот забеган проект “Скопје 2014”, Коце Трајановски уништи десетици паркови и зелени површини во Скопје. Но, изгледа малку им беше тоа што ги уништија половина зелени површини на Мал Ринг.

Коце и Никола ги поместија и границите на Парк-шумата Водно за да може Никола да си купи плацеви за џабалак, на кои ќе гради згради и потпорни ѕидови од 7 метри

Покрај тоа што и дозволија на градежната мафија да ги сече белите дробови на Скопје, тие го пресекоа Водно со асфалтен пат кој води во приватната елитна населба “Сончев град” која ја ветуваат цели десет години, а уште не е ни почната да се гради.

Никола Груевски и Коце Трајановски инвестираа во пат од 7.7 милиони евра кој го пресекува Водно и кој е еколошка закана за белите дробови на Скопје.

Почитувани,

На 15 октомври Скопјани ќе го казнат послушникот Коце Трајановски кој систематски ги уништуваше белите дробови на Скопје за забеганите проекти на неговиот шеф.

По 15 октомври, новата власт ќе го запре уништувањето на парк-шумата Водно.

Ќе го заштитиме зеленилото и ќе ги зачуваме белите дробови на Скопје, за граѓаните да дишат слободно.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени