mchi

Најнови вести

Спасовски: Осудениот насилник Мисајловски не може да биде градоначалник на Ѓорче Петров

dbi

13.10.2017

Изјава за медиуми,
Илија Спасовски, носител на кандидатската листа за советници на Општина Ѓорче Петров
Скопје, 13.10.2017

 

Почитувани граѓани,

Ова е пресуда со која кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е осуден на условна казна од шест месеци за нанесување тешка телесна повреда.

Мисајловски во 2008 година бил правосилно осуден на условна казна од шест месеци, доколку во рок од две години не направи ново кривично дело, бидејќи заедно со уште еден соучесник нападнале едно лице и му нанеле тешки телесни повреди.

Ова е само уште еден доказ дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е составена од насилници, криминалци и послушници на Никола Груевски и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во ерата на закани, насилство и криминал.

Насилник кој тепа граѓани не смее да биде градоначалник на Ѓорче Петров.

Почитувани,

Ѓорче Петров нема да дозволи биде раководено од осудени насилници, тепачи и соработници на Никола Груевски. Затоа на 15 октомври искористете ја неповторливата шанса, излезете во што поголем број и дајте поддршка на кандидатот и советничката листа од СДСМ. Да ставиме крај на криминалното, насилничко и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче. Да гласаме за број 19, за живот во Ѓорче за сите.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени