mchi

Најнови вести

Шилегов: Скопје ќе стане вело-град, нови велосипедски патеки ќе има од Чаир до Центар,од Кисела Вода до Ѓорче Петров

dbi

13.10.2017

Соопштение за јавност


Кандидатот за Градоначалник на Скопје Петре Шилегов на последниот ден од кампањата оствари уште една средба со иницијативата #НаТочак. На претходните средби беа споредувани барањата на иницијативата и деловите од програмата на Шилегов кои што се однесуваат на велосипедизмот во Скопје, а овој пат беше потпишан меморандум за соработка со точно наведени обврски на новата градска администрација за развој на велосипедизмот во градот.

При потпишувањето, Шилегов изјави: "Како идна градска администрација се обврзуваме при секое проектирање на нова улица, булевар или мост или при реконструкција на постоечките улици да предвидуваме и велосипедско решение. Истовремено, итно ќе ги деблокираме постоечките велосипедски патеки кај плоштад „Македонија, кејот на Вардар и Стоковна куќа Мост. Ќе се заложиме за целосно слободни и проодни велосипедски патеки.
Постигнавме согласност во рок од една година пред секоја градска институција или позначаен јавен простор да поставиме велосипедски паркинзи.
Она што за нас е особено важно е изведба на рутите Чаир-Центар, Кисела Вода – Ѓорче Петров, со што на велосипед без сообраќаен метеж ќе може да се дојде од еден до друг крај на градот."

Дарко Арсовски, претставник на #НаТочак изјави: "Според тоа што го пиша Шилегов во неговата програма и тоа што досега го има изјавено веруваме дека е на прав пат да се направат безбедни услови за сообраќање. Веруваме дека треба да се работи многу за да биде тоа успешно. Во овој меморандум ги напишавме битните точки како да се стигне до тоа и да ја изразиме нашата желба за соработка по изборите.“

Потпишувањето се одржа под Камениот Мост, на местото каде велосипедската патека е блокирана од градбите на проектот Скопје 2014, а која Шилегов се обврза дека итно ќе ја отвори за користење на граѓаните.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени