mchi

Прес центар

Заев: Градиме иднина за Македонија, апелирам на слободни фер и демократски избори и во вториот круг

dbi

26.10.2017

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Тетово, 26.10.2017

Сакам уште еднаш да апелирам до граѓаните за слободни, фер и демократски избори. Навистина сум горд, како човек, што за првиот изборен круг покажавме кристално чисти избори, заради тоа што само преку слободни, фер и демократски избори сите победуваме во Република Македонија.
Денеска сме овде во поддршка на актуелната градоначалничка на Тетово и иден градоначалник на Тетово Теута Арифи, заедно како коалициони партнери, кои што уште пред првиот изборен круг ја објавивме нашата коалиција за локалните избори. Си даваме меѓусебна поддршка и веруваме во иднината на Македонија.

Ова што го правиме како политички партии е вредно за почит, ние се гордееме како лидери на политичките партии, заради тоа што веројатно од осамостојувањето на Македонија, прв пат се случува уште пред изборите да се склучат коалиции на многу транспарентен начин, на многу важен начин за граѓаните, пред сите чесно, отворено, транспарентно ја побаравме поддршката. Јас ја користам приликата исто така овде и преку медиумите да ја побарам поддршката на граѓаните на Тетово за Теута Арифи, која што е актуелен градоначалник, една од ретките жени градоначалници и верувам дека Тетово под раководство на Теута Арифи и со поддршка на централната Влада ќе има одлични перспективи во периодот што доаѓа.

 

Одговор на новинарско прашање

Медиуми: Освен меѓусебната коалиција, дали ги коментиравте и односите во владината коалиција?

Заев: Ние разговаравме како да се погрижиме, пред се како власт, изборите да бидат регуларни, фер, демократски и слободни. Тоа е приоритетот на сите. Навистина не навлегуваме во коалициите, иако имаме поприлично незгодна состојба, со еден од коалиционите партнери. Тоа е негово право, локални избори се. Локалните избори се различни од парламентарните избори, и оставаме секој на својата одговорност.

Нашата коалиција, како што реков, ја објавивме уште пред изборите. Во првиот изборен круг гледате дека оставивме во Струга, во Гостивар граѓаните да го кажат својот правец. Еве ги кандидатите во вториот изборен круг. Господиот Зијадин Села одлучи да влезе во коалиција со Беса, го гледам некаде и со ВМРО-ДПМНЕ, тоа е негово право. Секако, тој си носи одговорност и пред своите гласачи. Ние тоа што го направивме е уште пред самата кампања, стоиме на тоа транспарентно, отворено, затоа што веруваме во заедничката иднина, пред се, за сите граѓани на Република Македонија, а секако веруваме и во она што ја чека Република Македонија. Време на сериозни одлуки, време на сплотеност, време на единство и време на работење во интерес на сите граѓани.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени