mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, истрагата ќе покаже кој навистина им се заканувал на советници во Гази Баба

dbi

11.11.2017

Соопштение за јавност

 

Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да пласира лажни вести за наводни притисоци кон граѓаните или советниците, кога уцените, заканите, притисоците и насилството кон граѓаните се одлика и познат метод на функционирање исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради таквиот начин на владеење ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на последните локални избори.

Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Тоа не е точно. СДСМ ја почитува изборната волја на граѓаните, ги поддржува и промовира демократските вредности како врвен интерес на граѓаните.

Оттука, СДСМ очекува надлежните институции до крај да го расчистат случајот за кој денес лажно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа ќе се дознае кој навистина се заканувал и ќе се тргне отворениот сомнеж дека денешната прес конференција на Тони Бојковски е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити вистинските извршители на заканите.

 


Скопје, 11.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени