СДСМ за Македонија

Од референдумот во 1991, година кога граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во суверена и независна Република Македонија, СДСМ одговорно се посвети на изградба на институциите во земјата и почна да го отвора патот на Македонија кон светот.

Градевме и градиме мостови меѓу граѓаните во земјава, независно од какви било различности. Знаеме дека само заедно можеме да ги оствариме стратешките цели, интеграција на Македонија во Европската унија и НАТО.

Градевме и градиме мостови меѓу Република Македонија и државите од светот. Знаеме дека интерес на граѓаните на Македонија е меѓународна соработка што отвора нови пазари и нови можности за луѓето и компаниите, и безбедносна стабилност за земјата.

Заедно со граѓаните ги продолжуваме политиките на мостови на внатрешен и меѓународен план.

Плод на нашата определеност кон државните интереси и интересите на граѓаните на Македонија се бројни успеси на меѓународен план коишто се поврзани со времето кога СДСМ ја има честа да ја води државата.

На 14 декември 1992 година, само три месеци откако е формирана првата политичка Влада во независна Македонија, што ја раководи СДСМ, Република Македонија стана членка на Меѓународниот монетарен фонд.

На 8 април 1993 година Република Македонија стана рамноправна членка на Обединетите нации. (Резолуција на Генералното собрание A/RES/47/225).

Овој датум ја постави Македонија на меѓународната сцена, како држава членка на меѓународната заедница, рамо до рамо со земјите од светот.

Претседателот Киро Глигоров, се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации на македонски јазик.

На 12 октомври1993 година Народна Република Кина воспостави дипломатски односи со Република Македонија.

На 16 декември 1993 година, со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ:ВеликаБританија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска, воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија.

Две години подоцна, на 12 октомври 1995 година Република Македонија стана членка на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

На 9 ноември 1995 година Република Македонија стана членка на Советот на Европа, водечка организација за човекови права.

На 13 септември 1995 година Република Македонија воспостави дипломатски односи со Соединетите Американски Држави.

Во ноември 1995 година Република Македонија стана рамноправна членка на иницијативата на НАТО, Партнерство за мир.

Во јуни 1996, со размена на дипломатски ноти меѓу Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави беше потпишан СОФА договорот, којшто го регулира статусот на силите меѓу земјите членки на Алијансата и Партнерството за мир.

На 11 март 1996 година Македонија е примена за 39 рамноправна членка во Северно-атлантскиот совет за соработка.

Од јануари 1997, Македонија стана членка и на Процесот за анализа и планирање на НАТО (ПАРП).

Со тоа Македонија го подигна нивото на соработка со Партнерите од Алијансата и се вброи во најсериозните земји кандидатки за членство во НАТО.

На 4 април 2003 година Република Македонија стана членка на Светската трговска организација (СТО).

На 4 ноември 2004 година САД ја призна Република Македонија под уставното име.

На 17 декември 2005 година Република Македонија доби статус на земја кандидатка за членство во ЕУ.

Македонија аплицираше за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. Тогашната Влада предводена од СДСМ макотрпно работеше на потребните реформи и успехот дојде. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија реши на Македонија да и додели статус кандидатка. На 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус земја кандидатка за членство во Европската унија.

Од 2006 година, откако се случи промена на власта до денес, блокирани се евро-атланстките интеграции на Македонија, а државата и граѓаните се соочени со незапаметен пад на демократските процеси во земјата и систем на хибриден режим.

СДСМ во целиот период досега се обидува да ги врати процесите во нормала, а притоа да не наштети на стабилноста на граѓаните и државата.

На 24 декември 2012 година СДСМ заедно со другите опозициски партии и граѓаните се спротивстави на рушењето на парламентарната демократија во Собранието на РМ, од каде што беа исфрлени новинари и пратеници со помош на полицијата, по налог на власта. Го организиравме движењето Отпор за да ги обединиме демократските и прогресивни сили во општеството.

На 9 февруари 2015 година, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го отворија историскиот проект Вистината за Македонија што создаде услови за нормализација на државата. Со незаконски снимените материјали што ги добивме од партиоти во УБК и ги обелоденивме во јавноста, ги потврдивме сите злоупотреби на актуелната власт, повреди на граѓаните, криминални избори, криминално-корупциски скандали, партизација на судството, медиумите, институциите, државниот систем. Резултат на ваквото владеење е целосна партизација и приватизација на државата којашто тесната група на власт ја одзеде од граѓаните и на овој начин се богати додека мнозинството граѓани осиромашува. Ова е причината што Република Македонија добива критички извештаи од ЕУ и не може да стане дел од меѓународното семејство. СДСМ со проектот Вистината за Македонија застана спроти насилното владеење и отвори пат за обнова и демократизација на Република Македонија. Кон натпартиското, граѓанско движење што го поведовме се приклучија граѓански здруженија, невладини организации, поединци, експерти, граѓани, независно од каква било различност. Мобилизирана е општествената јавност. Тој процес е во тек. Тоа е веќе незапирлив процес.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени