Соопштение за јавност
Ѓорге Иванов, човекот кој ги прекрши законите и највисокиот акт, Уставот на Република Македонија, не може да се повикува на правни норми.
За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава, тој сами ги спроведува нарачките од Никола Груевски.
Лицето Ѓорге Иванов наместо лицемерно да се повикува зад правни акти нека ги поништи сите срамни одлуки за аболиција што ги донесе по налог на Никола Груевски.
Ставот на целата демократска јавност во Македонија но и на меѓународната зедница е дека делумното повлекување на аболицијата од страна на Ѓорге Иванов е неприфаливо.
Јасно е, владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите подеднакво.
Хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции.
Само целосното поништување на аболицијата ќе значи дека законот е подеднаков за сите.
Едно треба да му биде јасно на Иванов.
Никој не е над правдата, над граѓаните, над законот и уставот во Република Македонија.
Правдата во Македонија ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема спас за Никола Груевски и неговото корумпирано друштво.
Скопје, 01.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА