fbpx

Средба на претседателот Заев со амбасадорот на Италија Белели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

На средбата се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинска имплементација во интерес на Република Македонија и нејините граѓани.

Претседателот Заев рече дека СДСМ останува посветена на процесите коишто треба да допринесат во создавањето на услови за одржување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Заев додаде дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

„Без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не може да има фер, демократски и слободни избори.

Остануваме посветени во процесите и очекуваме сите инволвирани страни да дадат придонес во интерес на Република Македонија“ рече Заев.

Италијанскиот амбасадорот Белели го пренесе очекувањето за целосно решение на политичката криза.

 

 

Последни вести