fbpx

Законот за спречување и заштита од дискриминација е потврда на заложбите на СДСМ за градење фер општество

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Заложбите за градење, еднакво, праведно и правично општество, ги остваруваме преку конкретни законски решенија.

Парламентарното мнозинство го усвои Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ова законско решение обезбедуваме ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.

Она што е важно е фактот што новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од граѓанските организации кои се занимаваат со прашањата од оваа област.

Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

Истовремено, овој Закон има за цел да го зајакне и капацитетот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и проширување на нејзините надлежности во делот на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, чија основна грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Почитувани,

Законот за спречување и заштита од дискриминација, обезбедува целосна заштита од секаков вид на дискриминација и затоа е важно законско решение кое е во интерес на граѓаните, државата и општеството.

Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес.

Последни вести