fbpx

Лицемерниот Мицкоски продолжува да прави национална штета

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ на чело со претседателот Зоран Заев, кој уште еднаш е одликуван од реномирана европска фондација, како човек што влева надеж, реформатор и европеец, за три години направи целосен пресврт во државата.

Од изолирана и нестабилна држава, со заробени и партизирани институции, злоупотреба на моќта и народните пари од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, создадовме сигурна иднина за граѓаните, ја вративме слободата и демократијата, го решивме повеќедецениското отворено прашање со Грција.

Денес, ние сме членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на Алијансата, имаме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет.

Кога ја пишувавме историјата, Мицкоски беше и остана на спротивната страна обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато.

Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина?

Лицемерниот Мицкоски покажа дека нема зрелост, свесно и постојано ги поткопува интересите на граѓаните и државата, прави национална штета.

Затоа Мицкоски е во опозиција и уште долго ќе остане таму.

Последни вести