Соопштение за јавност
Тој најави дека СДСМ, во интерес на јавното здравје, ќе води безбедна кампања, нема да има големи митинзи, масовни средби, туку преку различен тип на активности ќе ја претстави својата понуда и ќе допре до граѓаните.
„Заедно со граѓаните ќе извојуваме уште една победа, за европска иднина на нашата држава. За луѓето да ги бираме врз основа на квалитет, а не врз основа на партиски книшки. Имаме одлична програма и понуда којашто нуди повисоки плати, повисока минимална плата до 40 проценти, покачување на просечната плата за 30 проценти, силен здравствен систем. Недела ќе биде неработен ден за сите граѓани, обезбедуваме до 600 милиони евра поддршка на стопанството, односно на малите и средните претпријатија, 200 милиони евра во земјоделството. Ги опфаќаме сите целни групи и ги остваруваме сите мерки и политики“, нагласи Николовски.
Тој додаде дека за СДСМ најважно е да има кредибилен изборен процес со учество на опозицијата, која за жал преку политиканство и манипулации се обидуваше постојано да ги одлага изборите.
Николовски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ бега од изборите поради слабиот рејтинг што го има кај граѓаните, поради што сега сака со лажни анкети повторно да манипулира и да шири лажни вести.
„Тоа бегање на ВМРО-ДПМНЕ од избори не е за џабе. Зошто ги нарекуваат фејк-њуз партија. Манипулацијата за нив е нормално однесување, како со граѓаните, така и со анкетите. Тоа е истата партија што и денеска сè уште ја води Никола Груевски, преку неговиот извршител Мицкоски. Фејк- њуз ВМРО не само што не може да ги излаже граѓаните, туку не може веќе да ги излаже ни сопствените членови и симпатизери, со вакви измислени анкети од нерелевантни извори“, рече Николовски.