Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот пион, Христијан Мицкоски остануваат изолирани во намерите да ја оддалечат Македонија од ЕУ и НАТО.
Мицкоски и антизападното раководство се поразени од сопствената партија, од мнозинството граѓани, и од пратениците кои гласаа за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени.
Мнозинството граѓани и мнозинството пратеници одбраа иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат во темното минато на изолација, криминал и поделби.
Колку и да е неприфатливо за антизападнто раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО.
Скопје, 22.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА