Соопштение за јавност
Уште во првите денови Владата предводена од СДСМ покажа дека земјоделците се приоритет и им ги исплати субвенциите што доцнеа, со што почна да ги поправа штетите што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на земјоделците во изминатите 11 години.
Субвенциите повеќе нема да се делат по партиска линија, нема да има богатење на лажни земјоделци, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.
Новата Влада предводена од СДСМ ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците како и на сите останати граѓани, а тоа ќе значи дека трудот што го вложуваат земјоделците ќе биде ценет и вреднуван, а ќе има и дополнителни државни бенефиции кои ќе значат подобрување на статусот и условите за работа на земјоделците.
Скопје, 14.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА