Соопштение за јавност
Македонија ќе добие модерни европски безбедни автопатишта. Тоа ќе го овозможи новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.
Граѓаните знаат дека во Планот за живот СДСМ се обврза на инвестиции од 600 милиони евра во првите две години за изградба на патишта и тоа е една од причините зошто големото мнозинство граѓани избра промени.
Слушнаа граѓаните од проектот Вистината за Македонија како лично Никола Груевски со Миле Јанакески договарал криминални провизии од 25 милиони евра за изградба на само еден автопат.
Граѓаните не сакаат повеќе нивните животи да бидат заложници на криминални власти за тендер интереси.
Тоа треба да е веќе јасно за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ на кои лажните вести повеќе не им поминуваат.
Доаѓа ново време, на одговорни политичари и реални политики што ќе приднесат за квалитетен живот во Македонија.
Скопје, 11.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА