Соопштение за јавност
Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, вчера говореше на граѓанската трибина во Дебар и притоа се осврна на работењето на техничките министри и постојаната блокада и калкуланство кои доаѓаа од страна на ДПМНЕ во еден од најтешките периоди со кои се има соочено државата – коронавирус кризата.
Таа изјави:
Единственото нешто што го правеше ВМРО ДПМНЕ во овој период беше да тера политика и да блокира прогрес. Замислете во моментот кога обезбедивме 33 милиони евра од Светска Банка за нашето здравство ние мислевме дека утре сите ќе потпишат и парите ќе дојдат да платиме доктори, да платиме плус за медицинските сестри, да обезбедиме повеќе пари за одделенијата за интензивна нега и ова беше замислете пред 3 и повеќе месеци.
На самиот почеток на кризата извадивме сета енергија за да ги добиеме парите и за да тие дојдат на бирото на една заменичка министер од ВМРО ДПМНЕ за финансии и таа да рече не потпишувам.
Тоа е лекцијата што се случи во ВМРО ДПМНЕ – првото ништо не променија кај себе и второто, секој пат кога можеа да направат сопка ја ставајаа, не ни ја правеа нас, ставаа сопка на својата држава, за нашата држава.
Не сакаме да им ја дадеме шансата да покажат колку во кал можат да не донесат и за тоа одлучуваме на 15 Јули.
На 15 Јули одлучуваме дали повторно ќе им ја вратиме власта на луѓето кои не владееа со кавги, сакаат да не скараат национално, верски, регионално , партиски, се што може се да биде скарано.