Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3
Уште само пет дена не делат од 15 јули, денот кога конечно ќе расчистиме со остатоците на режимот на Никола Груевски.
Во среда носиме голема и важна одлука, одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски и за иднината на земјата. Затоа е важно да се гласа.
Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!
Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски?
Дали ќе се заштитиме од КОВИД или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?
Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?
Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?
Затоа на 15 јули, на целосно безбедни избори, треба да гласате за СДСМ и за сигурноста што ја носи нашето домаќинско и одговорно работење.
Не смееме да дозволиме влада на ВМРО-ДПМНЕ која носи опасност!
Работата не е завршена!
Затоа треба сите да излеземе на гласање и да ја донесеме големата одлука за европска, безбедна иднина.
Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.
Сите оние што на 15 јули ќе останат дома, даваат придонес и шанса на власт да се врати Груевски.
Тоа не смееме да го дозволиме.
Нашата држава, нашите граѓани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Тоа ќе донесе хаос во државата.
Замислете како ќе изгледаше справувањето со КОВИД ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа.
На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со КОВИД.
Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?
Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за Коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.
Ја бараме вашата поддршка, за нов чист мандат за да продолжиме напред уште побрзо, за конечно да станеме држава со вистински европски вредности, европски политики и европски стандард.
Се обврзуваме пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат.
Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите.
Единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев.
Ви благодарам.