fbpx

Заев на ТВ24: Гласајте за бројот 3, за да продолжиме по вистинскиот пат, бидејќи заедно докажавме дека Можеме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Изборите на 15 јули навистина ќе определат дали ќе продолжиме по вистинскиот пат во услови во кои, што заедно јас, СДСМ коалцијата и вие пред се граѓаните докажавме дека можеме. Можеме да ги решиме големите историски прашања за нашата земја и таа да продолжи да оди напред, да биде интегрирана, да биде членка на НАТО, да почне преговори со ЕУ, порача претстедателот на СДСМ Зоран Заев во обраќање до гласачите на ТВ24.

Докажавме дека во услови на решавање на најголемите крупни прашања ја кренавме економијата од депресија, комплетна рецесија, -1,8%, комплетно во раст и развој со 3,6 проценти. Докажавме дека има пари за повисоки плати и за повисоки пензии Во следниот период ќе има уште поголеми плати, уште повисоки пензии, доволно работни места, квалитетни работни места за граѓаните, за да може да ги привлечеме овде да одтанат сите и млади и повозрасни, зашто тоа е нашата Македонија, тоа е нашата иднина, дома да бидеме продуктивни, додаде Заев.

Гласајте за бројот 3, гласајте за коалцијата Можеме да продолжиме по вистинскиот пат, по правиот единствениот пат, кој гарантира извесна иднина, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Последни вести