fbpx

Заев од Шуто Оризари: Работиме заедно да го подигнеме квалитетот на живот на Ромите еднакво како и за Македонците, Албанците, Турците и сите други!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во четвртата изборна единица, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Шуто Оризари.

„Мои драги Роми, драги чесни граѓани. Во Шуто Оризари победува коалицијата „Можеме“, победува единството, победува заедништвото. Заедно можеме уште повеќе, уште подобро. Сите доаѓаат лажат и заминуваат после изборите. Јас бев тука кога требаше, бев тука кога се асфалтираа улиците во Шуто Оризари, кога се пуштаа проекти за полициска станица и за нова градинка. Бев тука кога се афирмираше ромскиот јазик, заедно се боревме и ќе продолжиме да се бориме против сиромаштијата. Факт е дека ромската заедница е посиромашна од другите, но затоа ќе работиме заедно додека Ромите не го имаат истиот квалитет на живот и како Македонците, и како Албанците, и како Турците и сите други. Денеска сме обединети заедно во концептот едно општество за сите“, порача претседателот Заев.

Зборувајќи за историската важност на овие парламентарни избори за да продолжи земјата по правиот пат на сигурноста важно е граѓаните да излезат масовно со почитување на сите безбедносни протоколи и да го дадат гласот за бројот 3, за СДСМ и коалицијата „Можеме“ и само на таков начин ќе можат да ја спречат опасноста што ја предизвикува ВМРО-ДПМНЕ со своето неодговорно и несериозно однесување.

„Немојте да мислите дека работата е завршена однапред. Од сите нас, а најмногу од вашиот глас зависи. Важно е да се гласа! Се носи голема одлука! Одлучуваме дали продолжуваме напред или се враќаме назад. Одлучуваме дали ќе се заштитиме од КОВИД-19 или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?“, потенцираше претседателот Заев пред граѓаните на Шуто Оризари.

Последни вести