fbpx

СДСМ се грижи за невработените и отвора нови работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со мерката за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.Со оваа одлука на Владата предводена од СДСМ, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми на 10.717 лица.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување се создаваат нови можности и поддршка за креирање нови работни места, особено на младите.Овие мерки се силна поддршка и за невработените лица кои го загубиле работното место поради пандемијата со „Ковид-19“.

Ова е уште една потврда декаекономските мерки и политики даваат резултат и дека СДСМ навистина постои за граѓаните. Во изминатите четири години владејачката партија покажа вистинска грижа за многу категории граѓани на кои секојдневно им се олеснува и подобрува животот.

Последни вести