fbpx

СДСМ ја заокружи понудата пред граѓаните, со најдобрите 69 кандидати за градоначлници одиме на нова победа

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ ја заокружи понудата пред граѓаните, со најдобрите 69 кандидати за градоначлници одиме на нова победа.

Во Куманово, во општината каде актуелниот градоначалник самиот си отиде против себе, против граѓаните и против СДСМ, со што и самиот се исклучи од партијата, одиме на победа со Оливер Илиевски.

Илиевски е дипломиран еконимист, директор на ЈП Водостопанство Куманово, секретар на општинската организација на СДСМ која има исуство во менаџмент во јавни и приватни компании, успешен, чесен и народен човек, близок и почитуван од граѓаните.

Во општина Центар, СДСМ оди на победа со Горан Герасимовски. Тој е магистер, менаџер на човечки ресурси, актуелен директор на Државниот завод за индустриска сопствност. Млад, со долгогодишно искуство во приватен и јавен сектор.

Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат за актуелниот градоначлник Александар Наумовски. Со голем број реализирани проекти и развој на Ѓорче Петров во изминатите 4 години Наумовски е најдобриот избор за граѓаните.

Кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола е Христо Кондовски, еден од најпознатите бизнисмени во оваа општина, успешен човек, менаџер, кој своите познавања и искуство ги става на располагање на граѓаните на Битола. Кондовски води на сите можни анкети, во градот и СДСМ има предност пред опонентот ВМРО-ДПМНЕ, што е сигурно една од причините за проблеми во Месниот комитет на опозициската партија и неможноста да состават листа.

Соња Стаменкова е нашата кандидатка со која излегуваме пред граѓаните и бараме втор градоначлнички мандат во Македонска Каменица. Успешна градоначлничка, диплимиран психолог, со огромен број на реализирани проекти.

Во Шуто Оризари исто така СДСМ оди на победа, кандидат на СДСМ и на граѓаните на Шуто Оризари, иден градоначлник е Асан Ферат, приватен стопанственик, претседател на општинската организација на Шуто Оризари, овде анкетите покажуваат победа уште во првиот изборен круг.

Во Кривогаштани кандидат на СДСМ е Николче Мисовски, дипломиран инженер агроном, успешен стопанственик.

Кандидат на СДСМ за градоначлник во Струга, тоа е Димче Шипинкаровски, диплмиран економист. Долгогодишен стопанственик, добро познат во локалната заедница, човек со 30-годишно работно искуство во приватниот сектор, со исклучителни менаџерски способности, моментално раководител на подрачната единица на Фондот за здравство во Струга и еден од најзаслужните за реформата за системот на ФЗОМ, со кој беше овозможено рецептите да им бидат достапни на пациентите во текот на целиот месец, а не само во првите неколку дена, исто така тој е и најзаслужен за воведувањето на електронскиот рецепт и поранешен член на Централниот одбор на СДСМ.

Во Гевгелија, кандидат на СДСМ е актуелниот градоначлник Сашко Поцков со којшто бараме уште еден мандат од граѓаните.

Во општина Дебрца кандидат на СДСМ и најдоброто е Игор Крцковски. Тој е дипломиран правник, од Мешеишта, директор на ЈП за комунални дејности кој има објавено и специјалистички труд, добар менаџер, одговорен и чесен човек.

Во Чучер Сандево одиме на победа со Сашко Комненовиќ, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност кој е фаворит на истражувањата.

Актуелниот градоначалник, Живко Силјановски е кандидат на СДСМ за Македонски Брод со којшто одиме на уште една победа за втор мандат.

Пред граѓаните на општина Долнени ја бараме довербата за кандидатот на СДСМ за градоначалник: Аднан Џаферовски. Џаферовски е поранешен директор на Агенцијата за заштита и спасување.

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Врапчиште е Џезми Мамути, Дипломиран професор, актуелен директор на приватна фирма.

Во Радовиш СДСМ исто така победува со најдоброто, кандидат со кој излегуваме пред граѓаните е Коле Чаракчиев. Дипломиран електро инженер, актуелен пратеник, со работно искуство во приватен и јавен сектор, анкетите покажуваат предност од 8% на СДСМ во Радовиш, така што носиме победа.

Во мојот роден град, Крива Паланка, СДСМ има огромна предност по сите анкети и истражувања и е сигурен победник уште во првиот круг и пред граѓаните СДСМ го нудиме најдоброто. Крива Паланка во изминатите 4 годии се развива, се гради и напредува како никогаш досега и тоа се рефлектира со силна поддршка од граѓаните.

Кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ е Сашко Митовски. Уште еден млад кандидат, докажан и успешен стопанственик, менаџер во приватниот сектор, дипломиран економист.

Во победничка Струмица, СДСМ оди на победа со Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на партијата. Тој беше в.д. градоначлник одреден период, има визија за разој на Струмица и јасно е дека СДСМ со најдоброто победува уште во првиот круг, со видна разлика пред нашиот опонент кој се уште нема ниту кандидат.

Во Прилеп одиме на победа која ќе ја предводи кандидатот за градоначалник Горан Сугарески. Сугарески е добро познат на јавноста, со висок углед меѓу прилепчани, дипломиран правник, пратеник во неколку мандати, министер, директор на Царина, претседател на Надзорниот одбор на СДСМ. Убедливо кандидат со највисок рејтинг во Прилеп од било која политичка партија.

Во Свети Николе одиме на победа со актуелниот градоначалник Сашо Велковски, магистар по економски науки, кој има многу направено за Свети Николе и неговиот учинок и резултати се основата зошто Сашо е фаворит е на сите истражувања и анализи.

Во победнички Карпош, во општината каде СДСМ е сигурен победник и кадешто имаме над 10% разлика во партиските истражувања и анкети, чест ми е да соопштам дека мојот досегашен колега во партијата, поранешен организационен секретар на СДСМ е кандидат за градоначалник на Карпош а тоа е актуелниот директор на Водовод Скопје, Душко Весковски. Дипломиран правник, магистер по човечки ресурси, успешен директор на Водовод Скопје, со огромен учинок и резултати и недвојбено кандидат којшто е пред било кој друг кандидат од било која друга политичка партија во Карпош. Во Карпош одиме на голема победа во првиот изборен круг.

Во Тетово СДСМ ќе ја побара поддршката од граѓаните со доктор Хамдија Елезовиќ, стоматолог, роден тетовчанец, познат во Тетово како успешен во својата област. Нов член на Извршниот одбор на Општинската организација од Тетово којшто сме убедени дека ги има симпатиите и авторитетот кај сите заедници во мултиетничко Тетово.

Кандидат за градоначалник во општина Аеродром од СДСМ е Александар Филиповски, дипломиран економист, поранешен пратеник, со долгогодишно искуство во приватниот сектор, менаџер, на високи раководни позиции во познати приватни компании. Убедени сме дека Александар Филиповски е новиор градоначалник на општина Аеродром на база на сите истражувања, анкети и претпазливост во сите одлуки којшто ги носевме и затоа како шеф на Централниот изборен штаб гарантирам голема победа и јасна, прецизна во Аеродром.

Во Сопиште, општина која е целосно запоставена во изминатите 4 години од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат од СДСМ за градоначалник е Сашо Стојановски.

Дипломиран правник, со богато работно искуство во повеќе компании, досегашен и претседател на Општинската организација во претходниотт мандат и актуелен советник и координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Сопиште.

Во Јегуновце одиме со актуелниот кандидат односно актуелниот градоначлник. Ова е општината којашто по сите истражувања на партиското аналитички центар, по сите мерит системи којшто ги работевме и анализиравме навитина имаме голем успех во реализација на проектите во Јегуновце и затоа го кандидираме, Извршниот одбор донесе одлука за Дарко Блажевски да биде кандидат повторно за уште еден мандат во Јегуновце.

СДСМ ке има свој кандидат во Кавадарци и анализите покажуваат убедливо најдобар кaндидат е Горан Тодоров, дипломиран инженер по индустриска лоистика, раководител во приватна компанија и претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

Кандидат за градоначлник од редовите на СДСМ во Кратово е Влатко Бојковски. Млад и перспективен, беше вработен во централата на СДСМ водеше крупни процеси и го водеше ИТ секторот на партијата, дипломиран инженер по информатика со работно искуство во повеќе приватни компании, којшто сам најави кандидатура којашто СДСМ ја поддржува.

Во Чешиново Облешево одиме со актуелниот градоначалник Горанчо Крстев – Грга како кандидат на СДСМ во Чешиново -Облешево.

Во Зрновци СДСМ одиме на победа со Виктор Ангелов, член на Централниот одбор на партијата и дипломиран машински инженер.
СДСМ истакнува исто така и кандидат за градоначалник во општина Илинден, а тоа на база на сите анализи и истражувања којшто ги направивме и на членството и на јавноста и на граѓаните е Александар Тодоровски, познат бизнисмен и стопанственик од општината.

Во Демир Хисар СДСМ оди на победа со нов кандидат за градоначалник и тоа по сите истражувања и анкети, кој ќе биде градоначалник уште во првиот круг, магистерот по биотехнички науки Стевче Митревски, досегашен инстепктор во држаниот инспекторатот за земјоделство, добро познат помеѓу граѓаните и жителите на Демир Хисар

Со нов кандидат за градоначалник одиме и во Ново Село, и таму исто така е еден млад, перспективен, посветен и докажан социјален работник со завршен Филозофски факултет од општина Ново Село, зад кого стојат жителите и анкетите тоа го докажаа а тоа е Звонко Ангелов, новиот градоначалник на Ново Село, каде што победивме и на предвремените избори, победивме и претходно, единството, реализацијата на проектите, младите и успешни кадри беа во фокусот на одлуките коишто Извршниот одбор ги носеше изминатата вечер.

Идеме со нов кандидат во општина Велес и тоа истражувањата и анкетите покажуваат дека недвосмислено најдобар кандидат од било која политичка партија во Велес е доктор Ненад Коциќ, актуелен пратеник, познат помеѓу велешани во борбата за зелен Велес за здрава животна средина за многу нови проекти, којшто ги поддржа и којшто се реализираат во општина Велес и за којшто добива поддршка и од актуелниот и од целокупните структури и коалицијата во Велес и како човек којтшо доаѓа од 3-тата изборна единица, повторно може да кажам дека победата во Ненад Коциќ е гарантирана.

Во Брвеница одиме на победа со доктор Мирко Стојановски. Актуелен градоначлник кој ужива доверба меѓу граѓаните и очекуваме нов мандат.

Со ваква чесна и одговорна понуда, најдобра понуда, ја бараме довербата од граѓаните, за да испорачаме уште поголеми успеси на локално ниво, за да продолжат напредокот и развојот на општините.

За само 4 години изградивме: 60 градинки, 80 училишта, 56 објекти за полицијата и 34 здравствени установи. Најдоброто затоа што за само 4 години изградивме над 1.040 километри патишта – автопати, магистрални и регионални патишта во секоја општина, град, село.

Тоа значи најдоброто, работа за граѓаните, со најдобри резултати.

СДСМ четири години го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните четири години.

Последни вести