Најава, Граѓанска трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“
Почитувани,
Ве известуваме дека денеска 05.11.2022 (сабота) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:
– Неготино, говорник: Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Демир Капија, говорник: Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ
– Росоман, говорник: Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ
Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Кавадарци во Стаклена сала „Ангро Палас“ во 20.00 часот.
Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube), на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/) како и на Фејсбук страната на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски(https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski)
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи трибината.
Со почит,