Отворен повик за самокандидирање на кандидат за Претседател на Форумот на пензионерите на СДСМ

О Т В О Р Е Н    П О В И К

за самокандидирање на кандидат за Претседател
на Форумот на пензионерите на СДСМ

 

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани, чесни и угледни членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат за Претседател на Форумот на пензионерите на СДСМ.

Со доставената самокандидатура за Претседател на Форумот на пензионерите на СДСМ, кандидатот во хартиена форма задолжително доставува:

 

– Пополнет “Образец 1” – Пријава за самокандидирање;

– Лична биографија;

– Партиска биографија;

– Детална програма за работа со предлог идеи и проекти за Форумот на пензионери на СДСМ за период од 4 години.

Заинтересираните кандидати своите кандидатури, со целосна прилог документација во хартиена форма, во затворен плик со назнака „Самокандидатура за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ“ потребно е да ги достават најдоцна до 26.02.2021 година, до Претседателот на СДСМ, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8, Скопје, од 08:00ч до 16:00 часот.

Согласно постојните критериуми од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за поднесување на кандидатири за претседател на Форумот на пензионерите на СДСМ, кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

 

  • да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;

  • да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата;

  • да го исполнува условот од член 9 на Правилникот за организација и начин на функционирање на Форумот на пензионерите на СДСМ односно да остваруваат право на пензиско осигурување (старосна или инвалидска пензија) врз основа на позитивните законски прописи;

  • да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;

  • да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на пензионери на СДСМ на централно ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи, да поседуваат вештини за јавен настап;

  • да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги;

  • да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат.