Изјава за медиуми, Сашо Унчевски од ОО СДСМ Аеродром
Почитувани граѓани,
Локалната власт во Општина Аеродорм предводени од СДСМ постојано вложува во унапредувањето и подобрувањето на инфраструктурата во нашата општина.
Во моментов се одвива реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булевар „Јане Сандански“, почнувајќи од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ до раскрсницата со булевар „Србија“.
Заврши третата фаза од реконструкцијата на овој паркинг простор, односно целосното асфалтирање, а во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат соодветно обележани паркинг -местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Исто така ќе се изврши целосна реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од околу 36 илјади квадратни метри.
Почитувани,
Како одоговорна партија работиме во интерес на граѓаните и преземаме конкретни мерки што носат квалитетни и видливи резултати.
Во наредниот период продолжуваме посветено да вложуваме за развојот и иднината на општина Аеродром.
Градиме по план во интерес на сите граѓани и ги решаваме нивните проблеми, работиме уште повеќе за да биде уште подобро.
Ви благодарам