fbpx

Се грижиме за најмладите, нов современ детски парк во општина Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Славе Еленовски од ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓани,

Локалната власт во општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин вложува и инвестира по план и со цел развој и унапредување на квалитетот на живот во општината.

Привршува изградбата на паркот „Бојмија“ лоциран во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“.

По повеќе од 30 години, аеродромци ќе уживаат во новиот современ урбан парк, кој се протега на површина од 5 500 м2.

Во паркот се поставени нови патеки поплочени со павер-елементи со дебелина од 5 см и изработени според сите светски стандарди, кои се приспособени и за лицата со посебни потреби.

Во рамките на паркот се градат детско игралиште со современи реквизити, фитнес-зона со справи за вежбање, како и ново професионално фудбалско игралиште со нова тревна подлога и модерен дренажен и автоматски систем за наводнување според сите светски стандарди.

Новата урбана опрема, клупите, кантите за отпадоци, чешмата за пиење вода и фонтаната го збогатуваат изгледот на паркот.

Паралелно паркот се збогатува и хортикултурно се уредува со висока и ниска вегетација, со различни видови дрвја со што се зголемува квалитетот на живеење на жителите од сите возрасти.

Почитувани граѓани,

Како одговорна партија работиме во интерес на граѓаните и преземаме конкретни мерки што носат видливи резултати.

Граѓаните знаат да го препознаат посветениот, одговорен и транспарентен начин во работата на локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин.

 

Последни вести