Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ
Прашање: Зошто се инсистира на циркузантна вечер носење на Законот за спорот меѓу Владата и Макпетрол, упатените во оваа проблематика коментираат дека власта на овој начин се обидува на мала врата да го протне законот?
Одговор: Значи не се брза со ништо. Во конкретниов случај станува збор за редовна постапка којшто ние како пратеници имаме обврска да ги реализираме сите оние проекти коишто се претходно почнати.
Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во којшто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина.
Гледате дека во секој поглед без разлика за и каков да е закон тие одат на варијанта да го блокираат. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните.