fbpx

Мицкоски, ти и насилниците од 27 април не го браневте Уставот, туку криминалите на твојот шеф Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не отстапуваат од режимското насилничко однесување на штета на граѓаните и на државата.

Мицкоски без срам ги нарече уставобранители и чесни луѓе, луѓето кои пред четири години насилно и со оружје упаднаа во Собранието со намера да убиваат пратеници, да тепаат новинари и вработени во собраниските служби.

Одовде, сакам да истакнам неколку работи:

Прво, тоа не се уставобранители, ниту некогаш ќе бидат.

Второ, тоа се насилници кои шефот на Мицкоски во Будимпешта ги поттикна да извршат терористичко загрозување на уставниот поредок за да го спасат од одговорност за злоделата.

Трето, тие луѓе на 27 април, меѓу кои беше и Мицкоски, не го бранеа Уставот, туку криминалите на Никола Груевски.

Денес, четири години подоцна, Мицкоски не само што не се извини, не само што не жали за крвавиот четврток, туку отворено застана во одбрана на насилници, криминалци и фашисти.

27 април е најцрн датум во историјата на македонската демократија, но и датум кој ВМРО-ДПМНЕ го слават, наместо да се извинат.

Тоа зборува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски.

Граѓаните, јавноста тоа го препознава и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се постојано поразувани.

И одново ќе бидат поразувани затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

 

Последни вести